Турчин отвора капак на цистерна со цигара во уста- по еден момент одекна експлозија (ВИДЕО)

5.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Турчин отвора капак на цистерна со цигара во уста- по еден момент одекна експлозија (ВИДЕО)

Медиумите јавуваат дека 27-годишен маж е тешко повреден и итно префрлен во болница.

Надзорните камери го снимија моментот кога се качил на цистерна за да ја исчисти, а потоа отворил еден од капаците, јавува ProtoThema.

Паднал покрај цистерната

Медиумите јавуваат дека неименуваниот маж наводно имал цигара во устата, а неколку моменти подоцна се слушнала силна експлозија.

Несреќниот маж бил фрлен во воздух и паднал покрај цистерната, а неговите колеги истрчале да проверат што се случило. Кога ја виделе неговата состојба, веднаш повикале брза помош.

Се очекува властите да ги истражат сите детали од несреќниот инцидент.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата