Црква во Швајцарија воведе вештачка интелигенција за „разговор со Исус“- се чека во редици

21.11.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Црква во Швајцарија воведе вештачка интелигенција за „разговор со Исус“- се чека во редици

Станува збор за уметничкиот проект Deus in Machina (Бог во машината), а верниците имаат можност да се исповедаат на вештачката интелигенција, да поставуваат различни прашања за верата и да добијат одговори од дигитално прикажан Исус.

Најмалку две третини од верниците, кои зборувале со верзијата на Исус со вештачка интелигенција, велат дека имале „духовно искуство“. Еден од нив изјавил за локалните медиуми: „Бев изненаден, беше толку лесно, иако беше машина. Добив толку многу совети “.

Сепак, не сите се импресионирани. Поединци известуваат дека одговорите и советите на вештачката интелигенција биле „генерички“. Покрај тоа, тие целиот проект го нарекоа „финта“, пренесува Дејли Мејл.

Оваа инсталација е привремена, иако претставниците на црквата наведуваат дека слични чат-ботови со вештачка интелигенција би можеле во иднина да „преземат одредени одговорности на пасторите“.

Постапката е едноставна, а подразбира дека верникот влегува во исповедалницата и поставува прашање - или ја презентира својата приказна, по што вештачката интелигенција ги дава одговорите. Анимираното лице на Исус се движи во реално време, во однос на компјутерски генерираниот говор.

Верзијата на Исус со вештачка интелигенција е способна да зборува 100 различни јазици, со цел да се сретне со многубројните туристи кои го посетуваат швајцарскиот град Луцерн.

По влегувањето во исповедалницата, верниците се пречекани со порака „да не откриваат лични податоци под никакви околности“, да ја користат оваа услуга „на сопствен ризик“ и да притиснат копче доколку „ги прифаќаат условите“.

Многу верници открија дека имале прашања во врска со Светото писмо или дека побарале духовен совет. Така, неименуван маж рекол: „Прашав како да ја прекинам спиралата на насилство, а одговорот беше – со молитва, а не со одмазда“.

Проектот за вештачка интелигенција е создаден од истражувачи и теолози од Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн. Свесни се дека одговорите што ги добиваат верниците нема да ги задоволат сите и нагласуваат дека сакаат да започнат разговор за улогата на вештачката интелигенција во религијата.

„Ова е експеримент. Сакавме да започнеме дискусија со тоа што ќе им дозволиме на луѓето да имаат конкретно искуство со вештачката интелигенција. На тој начин, имаме основа да разговараме меѓу себе“, се вели во соопштението.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата