Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

30.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цените на нафтата минатата недела нагло се намалија по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

Цената на барел на лондонската берза минатата недела потона за 12 проценти, на 67,77 долари, додека на американскиот пазар, барелот падна за 11,3 проценти, на 65,52 долари.

Цените на нафтата нагло паднаа на почетокот на минатата недела, кога беше постигнат договор меѓу Израел и Иран за прекин на огнот. Така, стивнаа стравувањата од прекин на испораките на нафта од Блискиот Исток и затворање на сообраќајот низ Ормутскиот теснец, низ кој дневно минуваат помеѓу 18 и 19 милиони барели сурова нафта и гориво за клиенти од целиот свет.

-Објавувањето на примирјето ја „избриша“ премијата за геополитички ризик од цените на нафтата, вели Оле Хвалбие од SEB.

Благодарение на тоа, цените на нафтата се спуштија на речиси исто ниво како и пред почетокот на израелско-иранската војна.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата