Во писмото преку кое им се обратил, открива нешто за кое ни самиот не верувал дека ќе го напише
Трогателна исповед на еден чесен работник кој на децата им обезбедил достојно образование и достоинство.
Родителите често прават неверојатни жртви за да им обезбедат подобар живот на своите деца, дури и кога тоа значи да ја скријат вистината за нивната напорна работа. Иако бил чистач, таткото во оваа приказна никогаш не сакал неговите ќерки да дознаат што работи бидејќи не сакал да се срамат од неговата професија. Наместо тоа, тој решил да им напише писмо преку кое ќе ја открие својата длабока љубов, посветеност и огромните жртви што ги поднесува за тие да имаат достојно образование и среќа.
Неговите зборови сигурно ќе ве трогнат и ќе ве потсетат на тоа како родителите секојдневно се борат за нивните деца да раснат во подобри услови.
- Никогаш не им кажав на моите деца што работам. Не сакав да се срамат од мене. Кога мојата најмлада ќерка ме праша како заработувам за живот, јас колебливо ѝ реков дека сум работник. Пред да дојдам дома, се бањам во јавен тоалет за да немам никакви знаци за работата што ја работам. Сакав моите ќерки да одат на училиште, да се образуваат. Сакав да бидат достоинствени пред луѓето. Никогаш не сакав некој да ги потценува како што тоа ми го прават мене.
„Јас сум чистач на улици“
Луѓето секогаш ме понижуваат. Секоја пара што ја заработував ја вложував во образованието на моите ќерки. Никогаш не си купив нова кошула, со парите купував книги.
Сè што сакав да имаат е почитта. Јас сум чистач на улици. Еден ден пред крајниот рок за пријавување на мојата ќерка за факултет, не можев да соберам пари за да ѝ ја платам школарината. Не можев да работам тој ден. Седев покрај ѓубрето, обидувајќи се да ги скријам солзите. Не можев да работам.
Колегите ме гледаа, но никој со мене не проговори ни збор. Бев уништен, со скршено срце и не знаев како да ѝ кажам на ќерка ми дека немам пари да платам. Јас сум роден сиромашен. Верував дека ништо добро не може да му се случи на сиромав човек. Меѓутоа, по работното време, сите чистачи дојдоа кај мене, седнаа до мене и ме прашаа дали ги сметам за браќа. Пред да успеам да им одговорам, ми ги ставија своите дневници во раце.
„Моите ќерки не ми дозволуваат повеќе да работам“
Кога одбив, ми кажаа: „Денес ќе гладуваме ако треба, но нашата ќерка мора да оди на факултет“. Не можев да им одговорам. Не се избањав тој ден и отидов дома како чистач.
Ќерка ми наскоро ќе дипломира на факултет.
Моите три ќерки не ми дозволуваат повеќе да работам. Едната работи со скратено работно време, а двете се стипендисти. Ќерката што работи, често доаѓа со мене на работното место и ги храни сите мои колеги и мене. Тие се смеат и ја прашуваат зошто толку често ги храни. Ќерка ми им вели: „Сите гладувавте тој ден за јас да станам ова што сум денес, толку многу направивте за мене што можам да ве хранам секој ден“.
Повеќе не се чувствувам сиромашно, тој што има вакви деца како може да биде сиромашен?! – заклучил овој храбар човек.