Претседателот Доналд Трамп во неделата го нарече овој потег „знак на пријателство“.
На јапонскиот девизен пазар беше спроведена ретка билатерална акција со цел да се зајакне јенот, чија вредност во однос на доларот падна на најниското ниво во последните 40 години, пренесува Си-Ен-Ен.
„Јенот е слаб и ним им беше потребна мала помош. Ние секогаш сме тука за Јапонија“, им изјави Трамп на новинарите во авионот „Ер форс 1“.
Трамп се огласи откако „Фајненшл тајмс“ во петокот објави дека Федералната резервна банка на Њујорк, во име на Министерството за финансии на САД, продава евра за јени.
Весникот се повика на извори запознаени со ситуацијата. Исто така, вреди да се напомене дека Јапонија поседува најголемо количество американски државни обврзници, па затоа во интерес на Америка е јенот да остане стабилен.
Трамп во неделата изјави дека поддршката за јенот би била „добра за светската економија“. Како примери за американски интервенции што им помогнале на други економии, тој ги наведе минатогодишниот пакет помош за Аргентина во вредност од 20 милијарди долари и апсењето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Трамп рече дека САД исто така би имале финансиска корист од овој потег, но не објасни како. Претходно, Трамп ја опиша конзервативната јапонска премиерка Санае Такаичи како „прекрасна личност“.
This is an all timer from Donald pic.twitter.com/9QTuNjnWQx
— jbulltard (@jbulltard1) August 3, 2026
„Имаме добри односи со Јапонија. Тие отсекогаш биле многу добри кон нас, со исклучок, се разбира, на Перл Харбор. Таму не беа добри“, се пошегува Трамп.

