Свадбата се одржа во Малолос, Филипини, и покрај тоа што црквата беше поплавена по монсунските дождови, објави CNN.
Незаборавна свадба
На денот на свадбата, водата на некои места беше речиси до колена, но тоа не ги спречи младенците.
Џамајка полека одеше по поплавената патека во бела венчаница, која се влечеше низ водата.
На олтарот, нејзиниот избраник, облечен во традиционална филипинска кошула, ја чекаше, подготвен да го каже судбоносното „Да“.
„Ова е извонредна прослава“
Двојката е заедно десет години и и покрај сите предизвици во животот, тие решија да „соберат храброст“ и да продолжат со церемонијата.
Иако времето беше бурно, некои членови на семејството и пријателите сепак успеаја да присуствуваат на свадбата.
„Љубовта победи, бидејќи и покрај лошото време, бурата, дождот и поплавата, церемонијата се одржа. Ова е навистина извонредна прослава“, рече еден од гостите, Џиго Сантос.