Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

26.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Студија: Рекордно високи температури на океаните во 2023 година

Во неа се наведува дека дури 96 проценти од морињата и океаните низ целиот свет биле погодени од тој екстремен временски феномен, а брановите на топлотни шокови траеле во просек четирипати подолго од историски евидентираните.

Зголемените температури на површинските слоеви на океанската вода имаат значително влијание врз глобалната клима и временските услови, како и пошироки последици за морските екосистеми.

Како и на копно, топлотните бранови се случуваат во океаните секоја година, но 2023 година донесе ненадејно и исклучително интензивно зголемување на нивното времетраење и географска распределба, според студијата. 

„Забележавме невидено зголемување на бројот и интензитетот на морските топлотни бранови“, рекоа авторите на студијата, посочувајќи на врската со климатските промени.

Топлинските бранови во морето веќе имаат сериозни последици - тие го загрозуваат морскиот живот, што доведува до масовна смртност и белење на коралните гребени, а овие промени го нарушуваат риболовот и ја загрозуваат безбедноста на снабдувањето со храна, 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата