Стефаноска за Канал 5: „Бевме со делегација на деловна вечера – првпат јадевме со стапчиња некои чудни супи и риби“

25.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Стефаноска за Канал 5: „Бевме со делегација на деловна вечера – првпат јадевме со стапчиња некои чудни супи и риби“

Во еден дел од емисијата, гостите извлекуваат по едно ливче со прашање, а прашањата најчесто се поврзани со теми за кои претходно јавно не говореле.

„Која е најнеобичната ситуација што Ви се случила откако сте јавна личност“ е прашањето што го извлече

Стефановска, а ова е нејзиниот одговор: „Прво на што се сеќавам – кога требаше да јадам јапонска храна со стапчиња и некои чудни супи и риби. Тоа беше една ситуација со прибор различно наместен од нашата традиција. Бевме со делегацијата на деловна вечера и имавме можеби 10 различни јадења коишто требаше да ги јадеме со стапчиња. Првите вкусови на сите ни беа чудни, а тоа можеше да се забележи и на нашите лица. Не знаевме точно што јадеме“, вели низ насмевка директорката Билјана Стефаноска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата