Ставете КАПКА од оваа течност во вода и пребришете ја куќата: 10 дена НЕМА да видите ПРАШИНА

10.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ставете КАПКА од оваа течност во вода и пребришете ја куќата: 10 дена НЕМА да видите ПРАШИНА

Ако ви здодеа да бришете прашина секој втор ден или сте од оние луѓе кои можат да ја чистат куќата само за време на викендите, тогаш испробајте го стариот музејски трик.

Еве 5 начини на кои можете да ја исчистите куќата со глицерин:

Блескаво чисти подови

За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофата со вода.

Ослободете се од прашината на долг рок

За да го направите ова, додадете малку глицерин во сад со вода. Натопете ја крпата со таа вода и избришете ги површините. Нема да ја видите прашината најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.

Prašina, Brisanje prašine

Ги отстранува дамките од облеката

Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и измијте ја по половина час.

Правилно одржување на кожениот мебел

Ако сте го изгребале кожениот мебел, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.

Прозорци

Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците. Ниту прашината ниту нечистотијата нема да ја оштетат чистотата на вашите прозорци долго време.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата