Старица два часа се борела со питон, врескала на цел глас- полицајците шокирани (ВИДЕО)

18.09.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Старица два часа се борела со питон, врескала на цел глас- полицајците шокирани (ВИДЕО)

Вака може да се опише случајот со Тајланѓанка која останала заробена во прегратка на питон тежок 20 килограми. Борбата траела околу два часа, сѐ се случило во нејзиниот дом, а на крајот спасувачите успеале да ја ослободат, објави Гардијан.

Аром Аруној (64) после вечерата миела садови кога почувствувала дека нешто и ја гризе ногата. Погледнала што е тоа и видела змија и после тоа се сѐ случило многу брзо. Змијата почнала да се обвиткува околу старицата. Аром викала за помош, но никој не ја слушнал. Таа ја зграпчила главата на змијата, надевајќи се дека рептилот ќе го ослободи притисокот, но таа продолжила да ја дави.

Нападот се случил околу 20 часот и 30 минути, додека соседот го слушнал нејзиниот плач дури околу 22 часот и повикал помош. Имено, жената не се предала, туку цело време му се спротивставувала на рептилот и се обидувала да повика помош.

Наредникот Анусорн Вонгмали Анусорн од полицијата рече дека ја скршил вратата од нејзината куќа откако слушнал слаб глас од внатре. Аром веќе беше уморна и исцрпена кога пристигнале.

- Видов трага од каснување на нејзината нога, и се плашев дека не е единствено. Питонот бил обвиткан околу нејзината половина. Змијата била долга четири метри – изјавила Анусорн.

Аром е пренесена на лекување во болница. Питоните не се отровни, но нивните каснувања можат да предизвикаат инфекции. Тие го убиваат својот плен така што се завиткуваат околу него и го задушуваат до смрт.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата