Стариот музички механизам откриен при новинарско истражување, долги години оставен во внатрешноста на битолскиот градски часовник, Општина Битола ќе го донира на Културно информативен центар (КИЦ) Битола, каде целосно ќе биде заштитен, достапен на јавноста и со соодветен информативен агол за улогата што ја имал со децении во овој град.
Како што е познато, до замената со нов современ музички механизам, стариот музички и историски вреден механизам се користеше за емитување на македонски народни песни кои одекнуваа од врвот на саат кулата, а денес со новиот механизам единствено се емитува песната на Ајри Демировски – „Битола мој роден крај“.
Музичката соба во битолскиот Офицерски дом, освен стари експонати ќе содржи музички плочи, информации од музичката историја на градот, како и агол за преслушување песни посветени на Битола.

