Среде крстосница се отвори огромна дупка, еден возач имал неверојатна среќа (ВИДЕО)

23.05.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Среде крстосница се отвори огромна дупка, еден возач имал неверојатна среќа (ВИДЕО)

Бројни граѓани решија да ја овековечат необичната глетка и го „уловија“ моментот кога невнимателен возач за малку ќе настрадаше.

Останува нејасно како не ја забележал бездната пред себе, а за среќа само налетал со предното лево тркало.

Случајни минувачи дошле да му помогнат и тој излегол од возилото низ совозачката врата.

На видеото се слушаат загрижени луѓе кои викаат: „Излези од другата страна“.

Локалните медиуми јавија дека тлото се срушило над канализациониот систем, и дека е започната санација.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата