Фармата за ждребиња во Нормандија повторно „ги испиша рекордите“, бидејќи „го сруши својот претходен рекорд од три милиони евра, поставен во 2025 година“, објавува „Ле Фигаро“.
Роден од кобилата Дедли Најтшејд и пастувот Вутон Басет, ждребето беше продадено на ирскиот милијардер МВ Менгер и американската штала Вајт Берч Фарм.
„Едногодишници“ се едногодишни англиски чистокрвни коњи кои се наменети за трки на рамна патека.
Августовските распродажби во Довил, во северозападна Франција, се меѓу најпрестижните во Европа и привлекуваат купувачи од целиот свет.
Според организаторите, на аукцијата беа продадени 236 едногодишни коњи, за кои новите сопственици платија повеќе од 65 милиони евра, со просечна цена од близу 278.000 евра.

