Снимка од апсење во трговски центар е хит- крадецот ползи низ таванот, полицијата го чека со душек (ВИДЕО)

7.10.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимка од апсење во трговски центар е хит- крадецот ползи низ таванот, полицијата го чека со душек (ВИДЕО)

Она што никој не го очекуваше беше дека мажот ќе се обиде да се скрие во таванската конструкција за да ги избегне чуварите, објавува Дејли Меил.

Полицијата ги евакуира клиентите

Габриел Хидео беше уапсен на 30 септември откако полицијата го пронајде како ползи низ таванската конструкција и крши гипс-картон во продавницата „Мејсис“.

„Нашиот центар беше контактиран околу 16 часот“, рече Ким Кап од локалната полициска станица.

Според неа, вработените пријавиле дека некој е во таванот на продавницата и дека неколку гипс-картонски плочи се скршени во близина на одделот за мебел за домот.

Видеото го прикажува моментот кога полицијата поставила скали на отворот на таванот, додека пожарникарите претходно поставиле душек за да го ублажат евентуалниот пад.

За безбедноста на клиентите, вториот кат од зградата бил евакуиран.

„Станал и се обидел да избега“

Според властите, Хидео ползел низ просторот над таванот повеќе од еден час додека полицајците го молеле да слезе долу. Сепак, тој упорно продолжил да се движи низ структурата, кршејќи нови панели и оштетувајќи осветлување и кабли.

Кога конечно се приближил до скалите, ситуацијата станала уште подраматична.

На видеото се гледа како Хидео се обидува да избегне апсење со тоа што се качува назад во таванскиот простор. Потоа полицајците ги отстраниле скалите, по што тој ја изгубил контролата и паднал на душек.

„Станал и се обиде да избега. Не заврши добро“, соопшти полицијата.

Неколку полицајци веднаш го турнале на подот. Хидео се спротивставил, но тие го совладале и му ставиле лисици. Потоа бил врзан за носилка и приведен.

Хидео бил однесен во затворот во округот Кларк на 1 октомври. Тој бил обвинет за оштетување на имот и кражба, а кауцијата му била одредена на 15.000 долари за секое обвинение.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата