Снимено е животно, кое што не било видено 185 години (ФОТО)

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Снимено е животно, кое што не било видено 185 години (ФОТО)

„По толку години шпекулации, конечно можеме да потврдиме дека азиската џуџеста видра сè уште живее во нашата земја“, беше објавено, а конзерваторите и истражувачите ширум светот се воодушевени.

Кога беше пронајдено?

Последен пат азиската џуџеста видра (Aonyx cinereus) била видена во Непал во 1839 година.

Историски се верувало дека во оваа земја можат да се најдат два вида видри - мазната индиска и евроазиската, но сега сè се менува, пренесува Yahoo.News.

Во текот на изминатите децении, имаше извештаи за видување на азиската џуџеста видра во Националниот парк Макалу Барун во источните Хималаи, како и во западните региони Каилали и Капилвасту, но тие никогаш не беа потврдени.

Слаткото суштество конечно е пронајдено во ноември 2024 година на границата меѓу Непал и Индија, во областа Даделду.

Загрозени видови

Младенчето било во загрижувачка состојба, па работниците од шумарството решиле да се грижат за него, не знаејќи на кој вид припаѓа. „Кога испратија фотографии и снимки, експертите потврдија дека станува збор за азиска џуџеста видра“, се вели во соопштението.

Овој вид е класифициран како загрозен и населува јужна Индија, Југоисточна Азија, вклучувајќи ги и островите Суматра, Јава, Борнео и Палаван.

„Ова е неверојатно откритие! „Долго верувавме дека азиската џуџеста видра може да преживее во Непал, но нејзиниот статус беше неизвесен“, вели Санјан Тапа, експерт за животни.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата