Скопјанецот Бранко нема да стане бездомник–ќе продолжи да живее во пензионерскиот дом во Чаир

6.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопјанецот Бранко нема да стане бездомник–ќе продолжи да живее во пензионерскиот дом во Чаир

 По направената сторија на канал 5 дека Бранко ќе остане без покрив на главата,  бидејќи според управникот на домот Бранко го нарушил јавниот ред и мир во домот, првиот човек на ПИОМ Никола Мемов ја разгледал жалбата на Миленковски и го продолжил договорот со опомена во иднина да се внимава на куќниот ред. А оние кои доѓаат во домот и му помагаат на Миленковски заради инвалидноста и е во инвалидска количка, да доѓаат во соодветено време, кога не се нарушува мирот и на другите станари.

Сторијата со Миленковски ги отвори и прашањата за кој се живее во овие пензионерски домови? И дали сите станари ги исполнуваат условите? Првиот човек на ПИОМ Мемов, објаснува со неколку  станари во домови низ Македонија имаат и судски спорови, бидејќи не исполнуваат услови во договорот за закуп, а станарите не сакаат да заминат од домовите.

Во Македонија има вкупно 14 пензионерски домови, каде живеат 417 луѓе. Услов да се потпише закуп на стан во пензионерски дом е лицето да има ниска пензија и да пет години да нема имот на негово име.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата