Швајцарија ќе ги забрани еднократните електронски цигари

5.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Швајцарија ќе ги забрани еднократните електронски цигари

Следниот чекор е Владата да изготви нацрт-закон. Мерката нема да ги засега електронските цигари за повеќекратна употреба кои се полнат.

Т.н. „шарени вејпови“ се особено популарни кај младите, бидејќи често доаѓаат со ароми, како бонбони или шеќерна волна. Освен што предизвикуваат зависност, тие ја загадуваат околината поради штетните материјали што ги содржат, беше истакнато за време на пленарната седница. Еден пратеник нагласи дека наставници пријавиле случаи на 12-годишни деца кои не можат да го издржат часот без да пушат електронска цигара.

Еднократните вејпови се присутни на пазарот во Швајцарија од 2020 година, а нивниот увоз расте речиси за 30 отсто годишно.

Во Германија, тие сѐ уште се дозволени, додека ЕУ подготвува забрана до крајот на 2026 година. Во Обединетото Кралство тие веќе се забранети. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата