Поранешната ѕвезда на Формула 1 е надвор од очите на јавноста откако доживеа трагична несреќа на скијање во доцната 2013 година. Шумахер бил со својот син Мик (кој тогаш имал 14 години) кога преминале преку необележана патека. Иако носел кацига, паднал и ја удрил главата од карпа, што предизвикало тешки повреди.
56-годишниот Шумахер беше ставен во вештачка кома до 2014 година, а од тогаш е тргнат од јавниот живот и живее дома со сопругата Корина, заштитен од јавноста.
Можеби ќе ве интересира: Легендарниот Михаел Шумахер отпатувал во Швајцарија за првпат да ја види внуката
Поголемиот дел од животот и состојбата на Шумахер по несреќата е чуван во тајност. Во документарецот на „Нетфликс“ од 2021 година, Корина објасни дека иако тој е „поразличен“, тој е „тука“ и тоа ѝ дава сила на семејството.
Поранешниот менаџер на Шумахер во Бенетон, Флавио Бријаторе, изјави дека често разговара со нив.
Во разговор за италијанскиот медиум „Corriere della Sera“, тој наговести дека Шумахер е прикован за кревет.
„Ако ги затворам очите, го гледам како се смее по некоја победа,“ рече Бријаторе. „Повеќе би сакал да го паметам таков, отколку како лежи на кревет. Но, со Корина често разговараме.“
Во документарецот „Schumacher“, Корина рече: „Сме заедно. Живееме заедно дома. Одиме на терапии. Правиме сè што можеме за да му помогнеме на Михаел и да се чувствува удобно. И едноставно да му ја покажеме нашата љубов и врска.“
Таа исто така објасни дека како семејство се обидуваат да продолжат со животот онака како што Шумахер го сакал – и сè уште го сака.
Мик додаде:„Мислам дека јас и татко ми денес би се разбирале на еден сосема поинаков начин.“
Корина откри и повеќе за одлуката на семејството сè во врска со здравјето на Михаел да се чува во најголема можна приватност.
„’Приватното е приватно’, како што тој секогаш велеше. Мене тоа ми е многу важно – тој да може и понатаму да ужива во својот приватен живот колку што е можно повеќе,“ објасни таа.
„Михаел секогаш не штитеше нас, а сега ние го штитиме него.“
Во април, Шумахер го потпиша шлемот на својот пријател и легенда на Ф1, Сер Џеки Стјуарт, кој се продаде на аукција за добротворната организација на Стјуарт – „Race Against Dementia“.
„Прекрасно е што Михаел можеше да го потпише шлемот за оваа благородна цел – болест за која сè уште нема лек,“ изјави Стјуарт за „The Daily Mail“.
„Неговата сопруга му помогна, и со тоа комплетиравме колекција потпишана од сите шампиони кои се сè уште со нас.“