Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Северен Атлантик загаден со 27 милиони тони нанопластика

Истражувањето покажува дека количината нанопластика во горните 10 метри од океанската површина е значително поголема од досега проценетата.

Нанопластичните честички, со големина помала од една илјадитинка од милиметар, биле пронајдени во примероци од 12 различни локации низ Атлантикот. Просечната концентрација на длабочина од 10 метри изнесувала 18,1 милиграми на кубен метар вода, додека на морското дно 5,5 милиграми. Највисоки вредности се измерени во близина на европските брегови – 25 милиграми.

Професорот Хелге Ниман од NIOZ изјави дека овие честички можат да навлезат длабоко во човечкото тело, па дури и во мозочното ткиво.

- Сега, кога знаеме колку се распространети во океаните, очигледно е дека продираат низ целиот еко-систем – од бактериите и микроорганизмите до рибите и луѓето. Како тоа влијае на екосистемот, допрва треба да се испита, рече тој.

Научниците нагласуваат дека овие честички не можат да се отстранат, па затоа е клучно да се спречи понатамошно загадување. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата