Се венчале по втор пат, БИДЕЈЌИ ГО ИЗГУБИЛА ПАМТЕЊЕТО

8.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се венчале по втор пат, БИДЕЈЌИ ГО ИЗГУБИЛА ПАМТЕЊЕТО

Веруваме дека повеќе пати сте гледале некој филм во кој еден од главните актери го губи помнењето поради сплет на околности, а потоа повторно се запознава со неговиот живот и со луѓето кои го сочинуваат.

Слично нешто и се случило на една жена по име Џастис Стампер, која изгубила дел од меморијата во сообраќајна несреќа во 2014. Таа се здобила со повреди од кои закрепнала еден месец, а исто толку време и требало да му признае на сопругот Џереми дека таа не се сеќавала на нивната свадба.

Џереми и Џастис се запознале кога имале 10 години, почнале да се забавуваат за време на средното училиште и набрзо почнале да зборуваат за брак.

– Едноставно знаевме дека треба да бидеме заедно – вели Џастис.

Кога Џастис му признала на сопругот дека не се сеќава на нивната венчавка, наишла на поддршка и разбирање, а Џереми направил се за неговата сопруга да се чувствува подобро.

Тој и ветил дека повторно ќе ја направи венчавката и започнал кампања за собирање пари.

Џереми собрал над 5.000 долари и ја подарил својата сакана свадба од нејзините соништа.

– Нашата прва свадба беше убава и совршена, но овој пат сакав Џастис навистина да се воодушеви. Таа навистина го заслужува тоа – рекол тој, а Џастис додала дека е среќна и благодарна што покрај себе има таков сопруг, пишува „Брајт Сајд“.

 

(Telegraf.rs)

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата