Се продава остров со тврдина од времето на Наполеон- некогаш ја бранеше Венеција

26.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се продава остров со тврдина од времето на Наполеон- некогаш ја бранеше Венеција

Островот се наоѓа на околу седум километри од Венеција, на неколку минути едрење од островите Бурано и Торчело, објави Анса.

Тврдината зафаќа површина од 215 квадратни метри.

Имотот има тревници, високи дрвја, украсни растенија и овошни дрвја, како и мал внатрешен канал и неколку патеки што водат до два пристаништа. Најзначајната градба е тврдината, која зафаќа површина од 215 квадратни метри.

Првата тврдина е изградена во 1806 година, за време на владеењето на Наполеон, како дел од систем на утврдувања за одбрана на Венеција.

Тврдината подоцна била проширена под австриска власт, а по анексијата на Венето кон Кралството Италија во 1866 година, станала сопственост на италијанската држава и останала во воена употреба до периодот по Првата светска војна.

Островот подоцна станал приватен имот, а тврдината била претворена во станбена зграда. 

Цената не е јавно објавена

Реновирањето започна во 1996 година, при што се зачува оригиналната структура. Денес, има четири главни соби и две бањи, како и вода, електрична енергија, греење и климатизација.

На островот има и дополнителни соби, вклучувајќи и стражарски простор, а урбанистичките прописи дозволуваат тие да бидат поврзани со станбената зона.

Продажбата ја води компанијата за луксузни недвижности Lionard Luxury Real Estate, која објави голема галерија со фотографии од островот и тврдината.

Цената не е јавно објавена, а имотот моментално се нуди на приватниот пазар.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата