Сарагоса прогласен за најпристапен град за лицата со попреченост за 2026 година

6.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сарагоса прогласен за најпристапен град за лицата со попреченост за 2026 година

Шпанскиот град Сарагоса ја освои првата награда на натпреварувањето Пристапен град за лицата со попреченост за 2026 година, пред уште еден град во Шпанија, Валенсија и францускиот Рен, на натпреварувањето што го организира Европската комисија.

Во образложението на првата награда се наведува дека Сарагоса прави извонредни напори за да обезбеди пристап заснован на Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост.

- Неговата инфраструктура за пристапност е составена од сеопфатни општински правила за пристапност, јасен стратешки план со цели, временски рокови и буџет, како и силно управување преку посебна Канцеларија за пристапност и формален Одбор за пристапност, се додава во образложението.

Дополнително е проценето дека Сарагоса е лидер во обезбедувањето целосно учество на лицата со попреченост во општеството, со пристапен јавен превоз, јавни простори и дигитални услуги.

- Има целосно достапна трамвајска мрежа, широки пешачки патеки без скали, инклузивни банкарски и шопинг иницијативи, а сертифицираните пристапни веб-страници и апликации значително придонесоа за да се направи Сарагоса подостапна и инклузивна за лицата со попреченост, се наведува во образложението.

Покрај ова, се нагласува и значењето на проектот „Флумен“, кој обезбедуваат инклузивни и пристапни домови што им овозможуваат самостоен живот и социјална инклузија на лицата со попреченост.

Втората награда и е дводелна на Валенсија поради „пристап кон пристапноста базиран на податоци“, што се протега низ целиот град.

- Градот постигна примерен транспорт и урбан пристап, пријавувајќи 96 отсто урбана пристапност и целосно достапна мрежа на автобуси и метро. Лицата со попреченост се вработени како валидатори на пристапноста, а организациите систематски тестираат решенија пред лансирањето, се наведува во образложението.

Францускиот Рен ја освои третата награда за значителен напредок постигнат во пристапноста, благодарение на тесната координација меѓу општинските служби.

- Метрото и автобусите се целосно пристапни, поддржани од возила од врата до врата и апликации за патување без скали. Улиците се надградени со пошироки тротоари, побезбедни премини, тактилни ленти, клупи и пристапни тоалети, додека културните центри, како „Же де Пом“ и градското уметничко училиште, имаат рампи, лифтови и адаптирани тоалети. Дури 68 отсто од општинските локации се пристапни, а планираната Агенда за пристапност ќе ги усогласи сите јавни приемни објекти до 2027 година, се потенцира во образложението на наградата.

Покрај овие три града овогодишни финалисти за освојување на награди беа и италијанскиот град Пјаченца и австрискиот Салцбург.

Според податоците на Евростат, во ЕУ живеат над 90 милиони лица со попреченост, поради што обезбедувањето на физички и дигитални пристапни простори кон клучен прв чекор кон постигнување еднаквост.

Наградата Пристапен град за лицата со попреченост се доделува од 2010 година со цел да им се оддаде признание на градовите кои како свој приоритет ја поставуваат пристапноста. Наградата се доделува како дел од одбележувањето на Европскиот ден на лицата со попреченост и таа е вклучена во Стратегијата за правата на лицата со попреченост 2021-2030 година, која има за цел да изгради „Европа без бариери“. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата