Санторини и Миконос на врвот на листата пренатрупани туристички дестинации во ЕУ

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Санторини и Миконос на врвот на листата пренатрупани туристички дестинации во ЕУ

Според индексот на туристичка густина, во 2023 година во Јужниот Егеј – административен регион на Грција што ги опфаќа островите Санторини, Миконос и Родос – биле регистрирани 117 ноќевања по жител, јави ДПА.

На второ место се најде регионот на Јонските Острови во западна Грција, вклучувајќи го и Крф, со 98 ноќевања по жител, додека третопласиран беше италијанскиот планински регион Јужен Тирол со 68 ноќевања по жител.

Хрватското јадранско крајбрежје и шпанските Балеарски Острови следат со по 67 ноќевања по жител, а грчкиот остров Крит и австрискиот Тирол со по 55.

Наспроти тоа, одредени региони во Полска и Романија забележале многу мала туристичка активност, со помалку од едно ноќевање по жител во 2023 година.

Во Германија, највисока туристичка густина била забележана во североисточната покраина Мекленбург-Предна Померанија, која вклучува балтички брег и популарниот езерски регион. Таму биле регистрирани 18 ноќевања по жител, што го сместува регионот на 17. место од вкупно 237 административни региони во ЕУ.

Во апсолутни бројки, најпосетена административна област во Европа во 2023 година биле Шпанските Канарски Острови, со вкупно 95,6 милиони ноќевања. Но, поради нивната поголема популација од над два милиони жители, тие се рангираа дури на 10. место според туристичка густина.

Најпосетена германска дестинација била Горна Баварија, вклучувајќи го и градот Минхен, со вкупно 41,6 милиони ноќевања.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата