Сакала да се слика со слонче, па зажалила (ВИДЕО)

23.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сакала да се слика со слонче, па зажалила (ВИДЕО)

Ја гледаме како се смешка, како ја симнува кацигата, додека животното во позадина мирно јаде. Малку понатаму е возрасен слон на патот.

Девојката во зелени шорцеви му пријде на младенчето кое џвакало лисја, а тоа замавнало со сурлата и ја фрлило на земја!

Очигледно не била среќна што некој му го нарушува ручекот, а девојката исплашена побегнала, пишува Дејли мејл.

Клипот е објавен на Твитер со порака: „Девојка се обидува да се дружи со слон“, а корисниците масовно реагираа.

„За среќа, младенчето ја избркало пред да дојде возрасниот слон“, напишало едно лице, додека друго додаде: „Оставете ги дивите животни на мира“.

Еден корисник советува: „Никогаш не му приоѓајте на слон додека мавта со опашката. Тогаш се чувствува загрозен“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата