САД: 22 сојузни држави поднесоа тужба против Њујорк поради климатските политики

7.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
САД: 22 сојузни држави поднесоа тужба против Њујорк поради климатските политики

Според тужбата, законот ги обврзува големите производители на енергија да уплатат 75 милијарди долари за покривање на штетите од климатските промени, кои наводно се предизвикани во периодот од 2000 до 2018 година. Компаниите за фосилни горива треба да ги исплаќаат овие средства во наредните 25 години.

- Оваа тужба има за цел да обезбеди овие погрешни политики, наметнати од една држава на цела нација, да не ја доведат Америка во енергетска криза и да не дозволат Кина, Индија и Русија да ја надминат нашата енергетска независност. Законот е неуставен и ако дозволиме Њујорк да се извлече со ова, ќе биде само прашање на време кога другите држави ќе го следат примерот, уништувајќи ја електричната мрежа на нашата нација, рече во изјавата јавниот обвинител на Западна Вирџинија, Џеј Би Мекаскија, кој ја предводи коалицијата на држави против Њујорк.

Во тужбата се наведува дека Њујорк се обидува да ги натера производителите на енергија и потрошувачите во други држави да ги финансираат неговите инфраструктурни проекти, како што е новиот канализациски систем. Дополнително, тужителите тврдат дека Њујорк неправедно обвинува мала група производители на енергија за глобалните климатски промени, иако јагленот, нафтата и природниот гас помогнале во економскиот развој на државата.

Покрај Западна Вирџинија, тужбата ја поддржуваат и Алабама, Арканзас, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Канзас, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Мисури, Монтана, Небраска, Северна Дакота, Охајо, Оклахома, Јужна Каролина, Јужна Дакота, Тенеси и Тексас.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата