Рускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долари

28.07.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рускиот енергетски гигант „Гаспром“во првата половина од 2026 заработил милијарда долари

Ова претставува значителен пресврт во споредба со истиот период минатата година, кога компанијата забележа загуба. Во првите шест месеци од минатата година, „Гаспром“ книжеше загуба од 10,76 милијарди рубљи, односно 137 милиони долари. Оваа година, приходите на компанијата пораснаа за 2,9 отсто на годишно ниво, а бруто-добивката за 15 отсто, додека добивката пред оданочување остана стабилна.

„Гаспром“ и понатаму е еден од најголемите светски производители на природен гас, но изгуби значителен дел од европскиот пазар по руската инвазија врз Украина. Европа брзо ја намали својата зависност од рускиот гас што се испорачува преку гасоводи, а ЕУ планира целосно да го укине увозот на руски гас до 2027 година.

Пред инвазијата, во 2021 година, Европа набавуваше околу 50 отсто од својот природен гас од Русија, главно преку гасоводи. Истовремено, приходите на Русија од енергенти не се целосно прекинати. Во првата половина на 2026 година, Европа увезе рекордни количества течен природен гас (LNG) од рускиот погон „Јамал ЛНГ“, со кој управува „Новатек“, а не „Гаспром“. Според податоците на „Кплер“ (Kpler), увозот од „Јамал“ достигна 9,89 милиони тони, што претставува зголемување од 18 отсто во споредба со истиот период минатата година. Во последните месеци, Русија исто така најави планови за пренасочување на испораките на гас од европскиот пазар кон Азија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата