Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

19.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русин запроси девојка среде маратонскиот прес на Путин (ВИДЕО)

На маратонската прес-конференција што ја одржа рускиот претседател Владимир Путин во Москва (која траеше неколку часа), среде одговарањето на геополитички прашања, се случи момент што никој не го очекуваше: новинар ѝ предложи брак на својата девојка пред камерите пред најважниот човек во Русија.

Прашањето на Русинот ги изненади присутните, но предизвика и лавина од коментари на интернет - а некои од нив беа вистински хит.

„Ова нема да старее добро“

„Дали Путин ѝ рече „да“?“, „Ова нема да старее добро“, „Ова е само психотично“, „Аууу, таа ќе го помине медениот месец на фронтот“, „Наредена глупост. Ништо не се случува спонтано во присуство на Путин. Ставете некаков контекст во објавата“, „Циркус“, „Одвратно“ и „Кутрата девојка“ се некои од коментарите.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата