Русија го прогласи рекламирањето во „Телеграм“ за нелегално

6.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Русија го прогласи рекламирањето во „Телеграм“ за нелегално

И операторите на платформата и огласувачите ќе сносат одговорност, соопшти руската Федерална антимонополска агенција.

Тоа е уште еден чекор на руските власти за зајакнување на контролата врз услугата за пораки.

Од 2022 година кога Русија ја нападна Украина, Москва ги засили ограничувањата за независните медиуми и онлајн платформите, делумно со цел да ги ограничи критиките за војната. Пристапот до „ЈуТјуб“ е ограничен од 2024 година, при што повеќето видеа се недостапни без виртуелна приватна мрежа (ВПН).

Од средината на 2025 година, аудио и видео повиците на „ВацАп“ и на „Телеграм“се блокирани во Русија. Во исто време, властите го промовираат користењето на руската услуга за пораки „Макс“, која ги следи корисниците и проверува дали користат ВПН мрежи. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата