Жената го пронашла каменот тежок 3,5 килограми во поток во Колка, село на југоистокот на оваа земја и со децении го користела за да си ја потпира вратата.
Не ја знаела вредноста на грутката, а не ја знаеле ниту разбојниците кои од нејзината куќа украле многу накит, јавуваат локалните романски медиуми, а пренесува Ел Паис.
За шпански Ел Паис, информацијата ја потврди Данијел Косташ, директор на Провинцискиот музеј во Бузау.
Неверојатниот остаток од фосилна смола го привлече вниманието на роднина на стара Романка, која починала во 1989 година. . Тој го продал на државата, која сега го класифицира како национално богатство.
Романските власти ја предале грутката кај специјалист од Природонаучниот музеј во Краков, кој веднаш ја потврдил автентичноста на килибарот и проценил дека може да биде стар помеѓу 28,5 и 70 милиони години.
🗞️One of the largest known amber nuggets in the world, valued at around €1 million, has been found in a private home in Romania. The elderly woman who found it in a riverbed used it as a simple doorstop for decades without anyone realizing its value https://t.co/RSGya8q07B
— El País English Edition (@elpaisinenglish) September 3, 2024
- Откривањето на килибарот е од големо значење и за науката и за музеите - изјави Костас за El Pais.
Тој додаде дека тоа е една од најголемите грутки килибар во светот.
Романија е една од земјите со најзначајни резерви на килибар, а најмногу има токму во областа Бузау.