Родители на шега му направиле ДНК тест на 11- годишниот син, животот им станал хаос (ВИДЕО)

12.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Родители на шега му направиле ДНК тест на 11- годишниот син, животот им станал хаос (ВИДЕО)

Нивното прво дете било зачнато по природен пат, но после тоа настанале одредени проблеми, па решиле да се обратат во локалната клиника за ИВФ. Процедурата била успешна и Дона забременила по втор пат во 2008 година.

Поминале 11 години откако сопружниците решиле практично од шега да направат ДНК тестови, но и да откријат потенцијални (генетски) здравствени проблеми кои би можеле да ги имаат.

Кога дошле резултатите, таткото на помладиот син Тим бил наведен како „непознат“.

„Сакав да врескам. Како може таткото да биде непознат? Јас сум негов татко од раѓање“, изјави Ванер за локалните медиуми.

Сопружниците не пројавиле сомнеж, туку верувале дека имало грешка во клиниката, пренесува Business Insider.

Во меѓувреме, родителите решиле да ја споделат важната вест со Тим, кој сè добро сфатил.

"Нема врска. Сè уште си ми татко“, рекло момчето.

Дона и Ванер со адвокат провериле дали пронаоѓањето на биолошкиот татко би значело дека нивниот син ќе им биде одземен, а кога добиле негативен одговор почнале да бараат.

Преку тестот AncestryDNA ја пронашле биолошката тетка на Тим, а потоа и биолошкиот татко, Девин Мекнил.

На почетокот, Мекнил не верувал во приказната, но кога ги споредиле медицинските досиеја и сфатиле дека момчето е високо, атлетски градено и има дупчиња во брадата (исто како Девин), се согласиле на тест за татковство.

И како што се сомневале Џонсонови, Тим се покажало дека не е детето на Ванер.

Семејствата утврдиле дека Кели Мекнил и Дона Џонсон биле на клиниката за ИВФ истиот ден, во рок од еден час.

Примерокот на Девин бил искористен за оплодување на јајце клетките на Дона, како и на неговата сопруга.

Семејствата се договориле вонсудски со клиниката во Јута и се сретнале за прв пат во јуни 2021 година. Тогаш Тим Џонсон ги запознал своите полубраќа и сестри.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата