Риалот на нов рекорден минимум

15.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Риалот на нов рекорден минимум

Иранската економија со години е под меѓународни санкции, посебно откако американскиот претседател Доналд Трамп во неговиот прв мандат, во 2018 година ги повлече САД од меѓународниот договор за иранската нуклеарна програма. Според договорот потпишан во 2015 година се ограничија иранските резерви ураниум во замена за ублажување на санкциите. Тогаш еден долар чинеше околу 32.000 риали.

По враќањето на Трамп во Белата куќа, неговата администрација ја обнови кампањата „максимален притисок“ и ги прошири санкциите насочени кон финансискиот сектор и извозот на енергенси.

Кон крајот на септември и Обединети нации повторно воведоа санкции кон Иран поради нуклеарната програма.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата