Рекордно ниско ниво на новороденчиња во Јапонија минатата година

27.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рекордно ниско ниво на новороденчиња во Јапонија минатата година

Бројот на новороденчиња е намален за 5,1 отсто во однос на претходната година на 758.631, додека бројот на склучени бракови е намален за 5,9 отсто на 489.281, што е прв пат во 90 години бројот да падне под 500.000. Се очекува населението дополнително да се намалува бидејќи децата родени вонбрачно се ретки во Јапонија.

Портпаролот на јапонската влада рече дека владата ќе преземе „невидени чекори“ за справување со намалената стапка на наталитет, како што се промовирање на зголемување на платите за помладите работници и проширување на можностите за грижа за децата за вработените родители.

Главниот секретар на јапонскиот кабинет, Јошимаса Хајаши, истакна дека следните шест години ќе бидат последна шанса да се промени ситуацијата со падот на наталитетот, бидејќи се очекува до 2030 година да се намали бројот на млади во земјата.

Имајќи го предвид потенцијалното социјално и економско влијание, како и притисокот на јавните финансии, премиерот Фумио Кишида го нарече овој тренд „најтешката криза со која се соочува земјата“ и претстави низа чекори за поддршка на семејствата кон крајот на минатата година.

Населението на Јапонија веројатно да падне за околу 30 проценти, на 87 милиони, до 2070 година, кога Националниот институт за население и социјално осигурување проценува дека четири од секои 10 луѓе ќе имаат 65 или повеќе години. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата