Рајна на историски минимум, прекинат речниот сообраќај

11.08.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Рајна на историски минимум, прекинат речниот сообраќај

Нивото на водата во реката Рајна во Германија се спушти на ново најниско ниво – соопшти денес тамошната Агенција за внатрешна пловидба (WSV) – поради што сопствениците на товарни бродови се принудени да ја прекинат пловидбата на јужните делници од реката.

WSV објави дека пловната длабочина кај Кауб, во близина на Кобленц, изнесува 15 сантиметри, што е под претходното најниско забележано ниво од 25 сантиметри во 2018 година, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, реката е за околу еден метар подлабока од пловната длабочина, комерцијалната пловидба низ Кауб е практично запрена, а веќе не е можно да се резервираат пратки со товар на Рајна во близина на Кауб.

Ниското ниво на водата по овогодишниот топлотен бран и оскудните врнежи значи дека товарните бродови можат да пловат низ реката со само 20 проценти од својот товар, што ги зголемува трошоците за сопствениците на товарот.

Пловниот сообраќај на северниот тек на реката продолжува, но големи количества товар се пренасочуваат кон патниот транспорт, а некои германски власти ги ублажија забраните за движење на камиони за време на викендот.

Аналитичарите оценија дека рекордно ниското ниво на водата во Рајна може да го ограничи економскиот раст на Германија, токму во моментот кога таа покажуваше првични знаци на закрепнување.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата