Забавата на која требало да се открие полот на детето на младата двојка се претвори во ноќна мора, кога пред очите на гостите се урна авион ПА-25.
Среќниот пар ја прослави својата бременост со семејството и пријателите. Имаа идеја дека авионот ќе им прелета над главите и ќе испушти син чад ако е момче - или розов ако е девојче.
На снимката се гледа моментот кога леталото лета над забавата и испушта розов чад, но потоа пилотот губи контрола и удри во блиското поле.
Среќните родители не биле свесни што се случило, па продолжиле да се гушкаат, а еден од гостите веднаш повикал полиција, пренесува LadBible.
Otro video del accidente aéreo en Sinaloa, México.
— Víctor Bolaños (@vichoguate) September 3, 2023
Avioneta era parte de una fiesta de la revelación de sexo. pic.twitter.com/gasP9n83o5
Локалните медиуми јавија дека 32-годишниот пилот Луис Анхел починал во болница од здобиените повреди.
Властите соопштија дека авионот се урнал поради „проблем со левото крило“. Бидејќи бил на мала висина, немало шанси безбедно да слета.