Пронашла анонимна порака пред врата и животот ѝ се претворил во пекол

12.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пронашла анонимна порака пред врата и животот ѝ се претворил во пекол

Девојката се претставила како Кали и раскажала како порака оставена на нејзиниот праг пред две години ѝ го превртела животот.

„Станав параноична“

Девојката отишла во продавница, а кога се вратила дома, пред вратата нашла анонимна белешка. Она што го прочитала целосно ја шокирало.

„Поздрав госпоѓо. Само сакав да кажам дека си исклучително убава црвенокоса. Да, ти си апсолутно убава, само сакав да го споделам тоа... Те молам (прости ми) што ги открив моите мисли... твојот таен обожавател“.

Кали тврди дека овие зборови ја испаничиле, по што се заклучила во својата куќа во Сакраменто (каде што живеела), ги затворила ролетните и не заминала две недели.

„Станав параноична, мислејќи дека некој ме гледа. Не знаев кога, ниту кој“, напишала таа.

„Звучи како опсесија“

Нејзината објава стана вирална, а повеќето корисници биле подеднакво шокирани од анонимната порака, пренесува Unilad.

„Начинот на кој беше формулирано звучи како опсесија, па разбирам дека се вознемиривте“, напишала една личност.

Кали конечно излегла надвор по две недели, но се чувствувала вознемирена.

„Секој човек ми стана сомнителен. Постојано бев на штрек, како во секој момент некој да може да ми пријде. Тоа беше кошмар“, објасни таа.

„Живееме во ужасни времиња“

Девојката тврди дека во минатото имала лоши искуства со луѓе кои ја демнеле.

„Посакувам да претерував, но не можев ништо да препуштам на случајноста. Се преселив, а мојот нов дом е соодветно обезбеден“, открила Кали, додавајќи дека во чантата секогаш носи солзавец и тејзер.

Таа испратила порака до секој кој сака да ги изрази своите чувства на сличен начин.

„Немам ништо против некој да го направи првиот потег или да даде комплимент, но живееме во страшни времиња и постојат подобри начини да се изразат таквите чувства“, истакна таа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата