Набљудувани се 37 колонии на Антарктичкиот Полуостров и други делови на „Ледениот Континент“ од 2012 до 2022 година. е покажало дека Антарктичкиот Полуостров драматично се затоплува. Истражувачите од Универзитетот Оксфорд и Оксфорд Брукс, кои ги проучуваат пингвините на Јужниот Пол, откриле дека промените се случуваат со „рекордна“ брзина и предупредуваат дека тие би можеле да го загрозат пристапот на птиците до храна и да го зголемат ризикот од судири и „колапс на поширок екосистем“ на Антарктикот. Промените може да доведат и до поголеми опасности при обидот за одгледување младенчиња, коишто може да станат подостапна цел на грабливците, според британските научници.
Најголемата промена била онаа кај генту-пингвините, чија сезона на размножување се помести за 13 дена во просек, а во некои колонии и до 24 дена. Кај видот аделје и тн. брадести пингвини, размножувањето почнува околу 10 дена порано.
Според научниците, поместувањето на времето за размножување кај видот генту е рекордна промена во фенологијата забележана кај која било птица, а можеби и кај кое било 'рбетно животно, до денес.
Водечкиот автор д-р Игнасио Хуарез Мартинез од Оксфорд изјави дека истражувањето „покажува дека веројатно ќе има победници и губитници од климатските промени“ за овие видови пингвини.
- Поточно, сè посупполарните услови на Антарктичкиот Полуостров веројатно им одат во прилог на гентуата... Пингвините играат клучна улога во синџирите на исхрана на Антарктикот, а губењето на разновидноста на пингвините го зголемува ризикот од колапс на широк екосистем, истакна тој.
Д-р Фиона Џонс, од истиот Универзитет, додаде:
- Бидејќи пингвините се сметаат за „предвидувачи на климатските промени“, резултатите од оваа студија имаат импликации за видовите низ целата планета. Потребно е натамошно следење за да се разбере дали овој рекорден напредок во сезоните на размножување на овие видови пингвини влијае на нивниот успех во размножувањето.
Мерењето на температурата, пак, покажа дека местата на колониите пингвини се затоплуваат за околу 0,3 Целзиусови степени годишно - четирипати повеќе од континенталниот просек од 0,07 степени. Истражувањето е објавен во „Журналот за животните и екологијата“ (Journal of Animal Ecology) по повод Денот на свеста за пингвините, којшто се одбележа вчера.

