Продаден е златник, искован пред 416 години- достигна рекордна цена

25.11.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Продаден е златник, искован пред 416 години- достигна рекордна цена

Оваа уникатна златна монета со тежина од 339 грама чисто злато е продадена во Швајцарија за 2.817.500 франци (околу 3,02 милиони евра), објави Ројтерс.

Искован во Сеговија

Почетната цена на златникот беше два милиони швајцарски франци, соопшти аукциската куќа Numismatica Genevensis SA со седиште во Женева.

Во исто време, беше потврдено дека оваа цена го сруши европскиот рекорд за највредна златна монета.

Центенот, или 100 ескудоси во поранешната шпанска валута, е искован во 1609 година од злато во градот Сеговија во централна Шпанија.

Починал во Мадрид

Филип III (1578-1621) беше крал на Шпанија и крал на Португалија.

Роден е како син на кралот Филип II и неговата сопруга Ана, а во историјата е познат како Побожниот поради неговата поддршка на црквата. Починал во Мадрид на 31 март 1621 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата