Принцот Вилијам ја посети Кејт во болница, откако беше оперирана

18.01.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Вилијам ја посети Кејт во болница, откако беше оперирана

Тој е фотографиран како излегува од лондонската клиника со својот автомобил, придружуван од телохранител, но со него не биле нивните деца Џорџ, Шарлот и Луис.

Кејт помина втора ноќ во приватно одделение по планираната операција на абдоменот, а палатата Кенсингтон објави соопштение во кое објасни дека Кејт добро закрепнува од зафатот.

Веста дека Кејт е во болница брзо се рашири низ светот, а многумина ги загрижи фактот што таа ќе помине 10 до 14 дена во болница и дека ги откажала сите обврски и нема да се појави во јавноста до Велигден. Да потсетиме, истовремено беше објавена и веста дека кралот Чарлс следната недела оди во болница на лекување на зголемена простата и воедно ги одложил сите обврски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата