Преживеана од холокаустот на насловницата на претстојното германско издание на „Вог“

18.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Преживеана од холокаустот на насловницата на претстојното германско издание на „Вог“

 Бројот за јули - август е посветен на љубовта, но и на една од ретките живи сведоци на прогонот и убиствата на Евреи во нацистичката ера.

За насловницата, Фридлендер позира облечена во црвено палто, но нагласката, сепак, се чини, е на интервјуто. Таа раскажува за нејзиното искуство со нацистичкиот период, враќањето во Германија и јавните настапи како преживеана од холокаустот. Уредничкиот тим четири пати се сретнал со Маргот Фридлендер за да подготви опширен материјал за неа, којшто „ќе биде распространет на многу страници“, како што најави „Вог“ за Германија.

Фридландер, инаку, е „најпозитивната личност“, според „Вог“.

„Таа на многумина им е позната како преживеана од Холокаустот, но таа ги преживеала не само нацистите, туку и предавството и загубата. Таа ги има сите причини да биде огорчена, но останува слободоумна и одбива да заземе страна“, вели тимот на германското издание.

Маргот Фридландер е многукратно наградувана за нејзините напори и грижа - ужасите од овој период да не бидат заборавени. Претстојното двојно издание на „Вог“ ќе излезе на 22 јуни./МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата