Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник Духовден

6.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Православните верници денеска ја одбележуваат Задушница во пресрет на големиот празник Духовден

Во црквите се служи парастос, а по службата се посетуваат гробовите на најблиските, се пали свеќа, се чита молитва и се принесува жртва за спасение на починатите. Наспроти обичаите на гробовите да се носи и раздава огромно количество храна, од Македонската православна црква апелираат дека смислата на овој ден  е во молитвата, а жртвата треба да се ограничи на варена пченица, вино и леб. 

Верниците од исламска вероисповед денеска го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Рамазан Бајрам. Карактеристично за празникот е принесувањето жртва – курбан, која има симболика на приближување кон бога.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата