За потсетување, несреќната жена верувала дека му помага на актерот да го финансира неговото лекување откако добила бројни „селфи“ од болницата и слатки пораки составени од вештачка интелигенција.
Суровата љубовна врска траела повеќе од една година, а Французинката ја чинеше богатство, брак и ментално здравје.
„Не беше лесно, но го најдовме“, вели Марван Уараб, основач на организацијата Find My Scammer.
Тој го пронашол лажниот Бред Пит користејќи наместена врска за пристап до неговиот телефон, по што била утврдена и неговата домашна адреса, пишува The Sun.
„Тој не е сам, тоа е група од три или четворица млади луѓе. Сè уште е активен, а сега се преправа дека е Кијану Ривс“, тврди Уараб.
Тој наведува дека доказите што ги прибавил им ги предал на нигериските власти и Интерпол и дека смета дека покрај Французинката биле измамени и најмалку 30 лица.
Како што претходно објавивме, измамникот користел лажни социјални медиуми и сметки на WhatsApp, како и технологија за создавање слики со вештачка интелигенција, за да ѝ испрати на Ана она што изгледало како селфи и пораки од Бред Пит.
За да ги извлече парите, тој се преправал дека на 61-годишниот актер му требаат пари за да плати за лекување на бубрегот, а банкарските сметки наводно му биле замрзнати поради бракоразводната постапка со поранешната сопруга Анџелина Џоли.
Ана, која е уредувачка на ентериери, поминала година и половина верувајќи дека комуницира со Пит и сфатила дека е измамена дури кога се појавила веста за реалната врска на актерот со Инес де Рамон.
Жената открила дека првпат ја контактирал некој што се претставувал како мајката на Пит, набргу откако таа почнала да користи Инстаграм за прв пат додека скијала со семејството во Франција.
„Ми кажа дека на нејзиниот син му треба некој како мене“, објаснила таа.
Измамниците ѝ испратиле порака неколку дена подоцна, овој пат претставувајќи се како Пит.
„На почетокот си реков дека е лажно, дека е смешно“, објаснила Ана. „Но, не бев навикната на социјалните мрежи и навистина не разбирав што се случува со мене.
„Се прашувам зошто ме избраа да ми направат толку многу зло? Никогаш не сум повредила никого. Овие луѓе заслужуваат пекол“.