Повеќе од 5.000 луѓе евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите

18.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Повеќе од 5.000 луѓе евакуирани во Јужна Кореја поради поплавите

Повеќе од 5.000 луѓе се евакуирани во засолништа низ Јужна Кореја на третиот ден од обилните дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинаа најмалку четири лица и предизвикаа сериозна штета на инфраструктурата, соопшти Министерството за безбедност на земјата.

Предупредувањата за обилни дождови остануваат на сила за поголемиот дел од западните и јужните региони на земјата, а метеоролошката агенција повика на екстремна претпазливост од лизгање на земјиштето и поплави, а предупредувањето е на сила до утре.

Во некои јужни делови од земјата, вклучувајќи го и градот Гвангжу, во последните 24 часа од рано утрово наврнаа рекордни врнежи од дожд од над 400 милиметри, соопштија властите.

Четири лица загинаа, а едно се води како исчезнато, соопшти Министерството за јавна безбедност. 

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе-мјунг, кој вети дека ќе ја зајакне улогата на владата во спречувањето и реагирањето при катастрофи, рече дека иако природните катастрофи се тешки за спречување, може да се направи повеќе за да се предвидат штетите и да се предупреди јавноста.

-Гледам дека имало случаи каде што мртвите биле жртви на слаб одговор кога ситуацијата била доволно предвидлива, изјави тој на вонреден состанок, повикувајќи да се искористат сите расположиви ресурси за справување со ситуацијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата