ПОТРЕСНО: 5 години секој ден доаѓала на метро станица, а никогаш не користела превоз! ТАЖНА приказна

27.09.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПОТРЕСНО: 5 години секој ден доаѓала на метро станица, а никогаш не користела превоз! ТАЖНА приказна

Приказната за д-р Маргарет Меколум ги разнежни и најтврдите срца бидејќи сведоштвото за нејзината голема љубов одекна многу подалеку од звуците што се слушаат во метро станицата што таа ја посетувала секој ден.

Маргарет и нејзиниот сопруг Освалд можело слободно да се каже дека се најсреќниот пар во Лондон бидејќи кога дошол моментот да се разделат, еден од нив не бил подготвен да се збогува.

Margaret Mekolum

 

Додека таа градела кариера како општ лекар, Освалд професионално се етаблирал како актер кој го позајмува гласот за реклами. Иако не успеал да направи кариера во Холивуд, редовните посетители на метро станицата Ембаркмент во Лондон можеле да го слушаат неговиот глас секој ден, тој им сигнализирал дека воз се приближува до станицата.

По неговата смрт во 2007 година, скршената Маргарет секој ден стоела на постојката Ембаркмент само за да го слушне гласот на нејзиниот покоен сопруг. Точно пет години доаѓала и слушала додека Освалд сигнализирал дека возот се приближува.

Сепак, во 2012 година, гласот на Освалд бил заменет со дигитализирана верзија која сигнализирала пристигнување и заминување на транспортот. Маргарет стапила во контакт со челниците во лондонското метро и објаснила дека гласот на Освалд се користел со децении. По неговата смрт тоа била нејзината единствена утеха.

Менаџерите на лондонското метро одлучиле една година подоцна неговиот глас да се слуша три пати секој пат кога воз ќе се приближи до станицата Ембанкмент. Дури и по смртта на д-р Маргарет Меколум, гласот на нејзиниот сопруг сè уште одекнува низ метрото.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата