Потполно природна маска која ги „брише“ брчките и го затегнува лицето

16.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Потполно природна маска која ги „брише“ брчките и го затегнува лицето

Тајната е во едноставната формула што жените од Азија ја користат со векови.

При нега на кожата, сè повеќе жени прибегнуваат кон природни трикови за убавина, наместо да трошат пари на креми и третмани без гаранција. Една маска која може да се направи дома стана популарна благодарение на нејзиниот ефект.

После овој природен препарат, кожата ќе ви изгледа свежо, затегнато и блескаво чисто. Интересно е што се прави од состојки што ги има во секоја кујна, а нејзината тајна е во едноставната формула што жените во Азија ја применуваат со векови. Идеална е за сите типови кожа, особено за оние кои ги мачат подочници, ситни брчки и дехидратација.

Во продолжение следуваат состојките и деталната подготовка на оваа маска за лице што може да ја направите дома.

Состојки:

3 лажици ориз

1 лажица млеко

1 лажица мед

Подготовка: Сварете го оризот во вода додека не омекне, а потоа процедете го и водата зачувајте ја за самата смеса. Во сад измешајте го омекнатиот ориз со млекото и медот додека не добиете кремаста структура.

Маската нанесете ја на чисто и суво лице, оставете ја да делува 15-20 минути, а потоа измијте ја со млака вода (најдобро со онаа во која го варевте оризот). Кожата веднаш станува помека, посветла и видно хидрирана.

Оваа маска е еден од оние трикови кои не бараат време и пари, но дава одлични резултати. Со редовна употреба, лицето добива природен сјај, а најдобро од сè е што се прави дома и не содржи хемикалии.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата