Постари лавови спасени во Нов Зеланд откако инвеститори ја купиле зоолошката

3.03.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Постари лавови спасени во Нов Зеланд откако инвеститори ја купиле зоолошката

Зоолошката градина беше принудена на затворање минатата година откако истекоа средствата, а преместувањето на животните се сметаше за невозможно поради возраста и медицинската состојба на лавовите. Денеска, неколку љубители на животни и инвеститори под називот „Проект Лавовски срца“ соопшти дека се вклучиле за да ги спасат лавовите.

„Ја купивме нивната земја и ги затворивме портите за јавноста, претворајќи го поранешниот парк во приватно одморалиште. Крај на претставата. Нема веќе гужви. Само мир, достоинство и најдобрата 'грижа за стари' што еден лав може да ја посака... Сакаме Шикира, Абдула, Клео, Темба и Тимба да се будат секое утро знаејќи дека се сакани, заштитени и точно таму каде што припаѓаат. Ова е нивниот дом сега, навистина и конечно“, соопшти групата инвеститори.

Тие објавија и повик за собирање средства за храна и грижа за петте лавови.

„Спасувањето е завршено, но 'пензионерскиот живот' само што почнува. Хранењето и грижата за пет постари лавови чини илјадници секоја недела. Сега ни треба нашата заедница да се заложи и да ни помогне да ги финансираме нивната 'Златна доба',“  се наведува во соопштението.

Добротворната организација за животни „ХУХА“, којашто помогна во собирање на групата, нагласува дека било потребно „цело село јунаци“ за да се реализира купувањето. „Ние сме му многу благодарни на секого од нив - за сечија посветеност, сочувство и визија“, се вели во објавата на Фејсбук.

Сега веќе замрената зоолошка градина, во којашто некогаш имало околу 30 загрозени мачки, вклучувајќи лавови, бели тигри, леопарди и гепарди, е основана од Крег Буш - познат и како „Човекот лав“, кој се појавил и во телевизиска серија на почетокот на предминатото десетлетие. Во 2009 година, главниот чувар Далу М'нкубе бил нападнат до смрт од тигар во паркот.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата