Поранешна милионерка одлучила да живее во комбе: Трошам 30 долари дневно (ФОТО)

27.02.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поранешна милионерка одлучила да живее во комбе: Трошам 30 долари дневно (ФОТО)

Кејтлин има 36 години и водела компанија за лекторирање, а нејзиното богатство вредело четири милиони долари, пишува New York Post.

Таа тогаш живеела со својот сопруг во осумкатница на Флорида, но по разводот решила да го сврти животот и да ја продаде компанијата. Таа сега ја издава својата палата со 18 соби, за која морала да плаќа околу 180.000 долари годишно како трошоци за одржување, преку Airbnb за 25.000 долари месечно.

Кејтлин го купила комбето за 88.000 долари и вложила дополнителни 102.000 долари (нешто помалку од 94.000 евра) за негово преуредување. Таа сега патува низ САД и пробува нови активности како планинарење, додека работи на интернет како животен тренер.

„Ова беше најдобрата одлука што сум ја донела.“

"Порано одев на неколку скапи одмори годишно. Тоа не беше одржливо. Сега трошам 20 до 30 долари дневно и го живеам животот каков што отсекогаш сум сакала да го живеам", признала таа и додала дека не планира да се откаже од својот номадски живот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата