Поминал да наполни бензин, изгребал грепка и станал милионер- откри на што ќе ги троши парите

9.07.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Поминал да наполни бензин, изгребал грепка и станал милионер- откри на што ќе ги троши парите

Се вратил дома за четири милиони долари побогат, а неговата приказна се појави во сите американски медиуми.

„Купив гориво и два лото грепки. Го изгребав бар-кодот, ја скенирав првата картичка и добив порака да поднесам некакво барање. Изгребав друга картичка и ја добив истата порака. Мислев дека уредот е расипан“, рече тој.

Дури кога ја изгребал целата картичка сфатил што се случува, пренесува UPI.com.

 „Додека резервоарот се полнеше, јас продолжив да гребам. Тогаш ја видов сумата од 4.000.000 долари. Тешко е да се опише тоа чувство“, рече тој.

Неименуваниот жител на Мичиген открива дека добивката ќе ја искористи за да купи земја и да инвестира во бизнис.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата