Плажата „Месечев залив“ во Словенија - една од најубавите во светот

19.06.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Плажата „Месечев залив“ во Словенија - една од најубавите во светот

„Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, најверојатно ќе го имате целото место за себе“, се вели во описот на „Биг 7 травел“.

„Восхитувајте се на неверојатните погледи на Јадранското Море долж една од неколкуте пешачки патеки што се движат низ резерватот или едноставно впијте го сонцето“, се додава.

Инаку, „Месечевиот залив“ се наоѓа во природниот резерват Струњан и до него може да се стигне само пеш. Тоа е неразвиена плажа без удобности во подножјето на црвеникави карпи коишто постепено преоѓаат во маслинови градини и лозје. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата