Планинарите од „Кожуф“ со успешно зимско искачување на Кајмакчалан

10.02.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Планинарите од „Кожуф“ со успешно зимско искачување на Кајмакчалан

Оваа експедиција беше реализирана како дел од програмата на клубот, кој покажа добра подготовка и тимска координација, иако околината беше ограничена од густата магла што ја отежнуваше видливоста на планинските терени.

Од планинарскиот клуб информираат дека искачувањето поминало успешно, и покрај предизвиците од временските услови – снег, ветер и густа магла. Поради високи снежни наноси, целосно покриена била и црквата „Св. Петар“ на планинскиот врв.

Посебно внимание привлече учеството на двајцата најмлади членови на само 11 и 12 години, кои без потешкотии се искачија на врвот во вистински зимски услови, што спортскиот клуб го оцени како значаен успех и мотив за младите планинари. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата