Планинар се загуби во снежно невреме во САД, чудо е што остана жив (ВИДЕО)

23.12.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Планинар се загуби во снежно невреме во САД, чудо е што остана жив (ВИДЕО)

Тргнал сам и наеднаш се соочил со силни налети на ветер и снег. Се обидел да се врати, но залудно. Неговата авантура се претворила во борба за опстанок која ги тестира границите на издржливоста на човечкиот организам, но и подготвеноста на спасувачките служби.

Битман стигнал до малиот гребен Франкони, на надморска височина од 1.450 метри, кога бил заслепен од бура и дезориентиран на екстремниот студ. Неговата облека не можела да го заштити, а како минувале часовите, тој почнал да чувствува знаци на хипотермија.

Некако издржал до утрото, смрзнат и очаен. Со последните атоми сили успеал да повика полиција на телефон. Набрзо била организирана акција за спасување, а мобилизираните екипи со часови ја пребарувале областа.

Планината покриена со густи облаци и четинари им оневозможила на специјализираните служби да го лоцираат несреќникот, а хеликоптерот морал да се врати во базата, па повторно да полета кога условите ќе го дозволат тоа.

На теренот спасувачите се пробиле низ густата вегетација и длабок снег, а Битман бил лоциран во попладневните часови. Бил на работ на свеста, не можел да се движи, со тешка форма на хипотермија.

Тие работеле два часа за да го стабилизираат пред хеликоптерот на Националната гарда да може да се приближи и да го земе.

Драматичниот момент е снимен на камера, а Битман е префрлен во блиската болница, каде што се опоравува, пренесува Daily Mail.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата